Провизии
Што плаќаш,јасно објаснето.
Тука можеш да ги видиш нашите провизии, и точно што се случува со твоите средства, од моментот на инвестирање, па сѐ до моментот кога ги повлекуваш.
Балансиран фонд
Prime Balance
Ти плаќаш
- Влезна провизија
- 0%
- Излезна провизија
- 0%
- Провизија на успех
- 0%
- Префрлање меѓу фондови
- 0%
На товар на фондот*
- Управувачки надоместок
- 2.5% годишно
- Надомест за депонент банка
- 0,30% годишно
- Надомест за Комисијата за надзор на пазарот на капитал
- 0,12% годишно
* Овие надоместоци веќе се пресметани во дневната вредност на уделот, без посебна сметка за тебе.
Динамичен фонд
Prime Momentum
Ти плаќаш
- Влезна провизија
- 0%
- Излезна провизија
- 0%
- Провизија на успех
- 0%
- Префрлање меѓу фондови
- 0%
На товар на фондот*
- Управувачки надоместок
- 2.5% годишно
- Надомест за депонент банка
- 0,35% годишно
- Надомест за Комисијата за надзор на пазарот на капитал
- 0,12% годишно
* Овие надоместоци веќе се пресметани во дневната вредност на уделот, без посебна сметка за тебе.
Индивидуален план
Prime Signature
Персонализирано управување на твоето портфолио како и можност за директен пристап до твојот портфолио менаџер.
- Влезна провизија
- 4%
- Излезна провизија
- 0%
- Управувачки надоместок
- 2% годишно
- Провизија на успех
- 20% од принос
Провизијата на успех се наплаќа само кога има остварен профит.
Ликвидност и префрлање
Парите остануваат твои - и слободни да се движат.
1–3 дена
Си ги враќаш парите брзо.
Поднесуваш барање за откуп преку платформата и средствата стигнуваат на твојата сметка во просек за 1-3 дена (законски максимум: 7 дена). Без излезна провизија и без казни за предвремено повлекување.
0%
Префрлање меѓу фондови - бесплатно.
Ако твоите цели се променат, се префрлаш од Prime Balance во Prime Momentum (или обратно) целосно бесплатно - без влезна, без излезна и без провизија за префрлање.
Данок
Пресметката за данокот ја подготвуваме ние.
Ти ја подготвуваме пресметката.
Целата администрација и пресметка поврзана со данок ја изготвуваме ние, твое е само да ја доставиш до УЈП.
0%
Данок за чување удели над 2 години.
По закон, ако уделите ги чуваш подолго од две години, твојата капитална добивка е ослободена од данок.
Согласно актуелниот Закон за персонален данок на доход на Северна Македонија. Општа информација, а не даночен совет.
Транспарентноста почива на безбедност
Регулатива и надзор
Прајм Капитал АД Скопје работи под надзор на Комисијата за надзор на пазарот на капитал. Сите провизии се јавно објавени во Проспектот на секој фонд.
Одвоени средства
Средствата на фондот се одделени од имотот на Друштвото и се чуваат кај депозитарната банка НЛБ Банка АД Скопје, која ги контролира сите уплати и исплати. Тоа ги штити од несолвентност на Друштвото, но не и од пазарен ризик.
Чести прашања
Сѐ за провизиите, јасно.
Започни денес