Што нè води

Нашите принципи

Четири вредности што нè водат во секоја одлука.

Постојано работиме да го олесниме инвестирањето во Македонија.

Не само што постојано ги подобруваме нашите продукти, туку се залагаме и за унапредување на целиот екосистем. Активно соработуваме со институциите за да ги подобриме регулативите и да го направиме инвестирањето полесно и подостапно за секој граѓанин.

Никогаш нема да ви наплатиме провизии однапред.

Кај нас тоа не постои. Не наплаќаме провизии однапред за сите години што планирате да инвестирате. Сите трошоци и надоместоци се јасно дефинирани и однапред познати.

Инвестирањето мора да биде достапно за сите.

Без разлика со колкав почетен капитал располагате или колкаво е вашето финансиско предзнаење, нашата цел е процесот на градење богатство да го направиме најлесниот можен чекор за вас.

Нашите одлуки секогаш се темелат на експертиза и длабинска анализа.

Посветуваме огромно време на анализирање на светската технолошка индустрија. Инвестициските избори што ги правиме се базирани на длабоко знаење и практично искуство за тоа како функционира ИТ секторот.

Од сопственикот

Иван Ивановски, сопственик на Prime Capital
Глобалната економија расте, а пазарот не чека. Врз основа на нашето длабоко разбирање на технолошкиот напредок и пазарните движења, ги насочуваме инвестициите кон вистинските можности - без разлика дали ги користиш основните фондови или Prime Signature.

Иван Ивановски

Сопственик

Започни денес

Вложи денес. Живеј слободно утре.

Контакт

Зборувај со нашиот тим