Инвестирај
Инвестиционо советување
Лична препорака за вложување во финансиски инструменти, креирана според твојот инвестициски профил.
Што е тоа
Препорака заснована на твојата ситуација
Инвестициското советување е лична препорака за вложување во хартии од вредност. Ја добиваш врз основа на твојата финансиска состојба, твоите цели и тоа колку ризик можеш да поднесеш.
Прилагодена на тебе
Секоја препорака ја изработуваме индивидуално анализирајќи ги твоите финансиски можности, инвестициски хоризонт и однос кон ризикот.
Со објаснување
За секој предлог објаснуваме зашто сметаме дека е вистинскиот за тебе и кои ризици ги носи. Тука сме за сите прашања пред да донесеш одлука.
Одлуката е твоја
Препораката е наша, но одлуката е твоја. Можеш да прифатиш сè, да одбереш само една идеја или да го одбиеш целиот предлог.
За кого е
За кого е наменето
Советувањето е за оние на кои им е потребна професионална поддршка за правилно управување со капиталот.
Јасни цели, но без конкретна стратегија
За сите кои имаат финансиски цели, но им треба стручна консултација како да ги остварат.
Потреба од објективна анализа на ризикот
За постоечки или потенцијални инвеститори на кои им е потребна професионална проценка на расположливите опции и ризици на пазарот.
Таргетиран совет пред секоја одлука
Не сакаш некој друг да одлучува наместо тебе, туку јасна препорака врз која ќе го засноваш својот избор.
Како функционира
Три чекори, без брзање
Од првиот разговор до твојата одлука. Во секој момент можеш да запреш.
- 01
Запознавање
Во прв разговор слушаме за твоите цели, рокот на вложување, она што веќе го имаш и колку ризик можеш да поднесеш. Прашуваме и за твоето искуство и знаење, за да знаеме дали препораката е соодветна за тебе.
- 02
Писмена препорака
Препораката ја добиваш писмено, со објаснување зошто ја даваме и кои ризици ги носи, вклучително и можноста да изгубиш дел или целиот вложен износ.
- 03
Ти одлучуваш
Ти одлучуваш дали, и во кој обем, ќе ја следиш препораката. Ако сакаш, договараме и повремени прегледи за повторно да ја погледнеме ситуацијата.
Обем на услугата
Што е вклучено, а што не
Советувањето претставува самостојна инвестициска услуга, одделена од инвестициските фондови и услугата управување со портфолио.
Вклучено
Разговор за твојата ситуација
Слушаме за твоите цели, рокот на вложување и твојот однос кон ризикот.
Извештај за потенцијални компании
Со образложение и со ризиците што ги носи.
Повторна ревизија и анализа
Согласно договорената динамика, периодично го ревидираме вашиот инвестициски профил и пазарните услови.
Не е вклучено
Автоматско вложување во наши фондови
Советувањето е одвоено од фондовите Prime Balance и Prime Momentum. Прифаќањето на препорака не значи автоматски вложување во фонд на Друштвото.
Управување со портфолио
Prime Signature е посебна услуга за индивидуално управување со портфолио. При советување, одлуката за секое вложување ја носиш ти.
Гаранција за резултат
Советувањето не ветува принос и не може да спречи загуба.
Трошоци
Цената ја договараме согласно тарифникот
Висината на надоместокот зависи од видот и обемот на инвестициските услуги што ќе ги одберете.
Сите трошоци и услови се целосно транспарентни и ви се предочуваат во писмена форма пред склучување на договорот.
Регулатива
Важни информации
- Општа информација
- Оваа страница е општа информација за услугата. Не е лична препорака за вложување и не е понуда за купување или продажба на хартии од вредност. Лична препорака добиваш само по разговор со нас, врз основа на твојата ситуација.
- Дозвола и надзор
- Друштвото има дозвола за вршење на инвестиционо советување при вложување во хартии од вредност и работи под надзор на Комисијата за надзор на пазарот на капитал.
- Ризик
- Минатите резултати не се показател за идните резултати. Инвестициското советување не гарантира остварување на принос ниту заштита од пазарни загуби.
- Поплаки
- Ако имаш забелешка на услугата, можеш да поднесеш поплака. Начинот е опишан на страницата Поплаки.
Повеќе информацииЗа друштвотоПоплаки
Имаш прашање?
Разговарај
со нашиот тим.
Првиот чекор е разговор. Кажи ни што те интересира, а ние ќе ти објасниме како би изгледало советувањето и што ни треба од тебе.