Правни документи

Правно известување

Прајм Капитал АД Скопје е друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови. Друштвото управува со отворениот инвестициски фонд Прајм Баланс и со отворениот инвестициски фонд Прајм Моментум. Покрај управувањето со фондови, Друштвото нуди и услуга за управување со индивидуално портфолио, наменета за физички и правни лица.

Статутот, Проспектот и клучните информации за инвеститорите на фондовите се објавени на страницата Документи и се достапни во седиштето на Друштвото.

Податоците содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со кои се уредуваат правните односи помеѓу Прајм Капитал АД Скопје, како друштво за управување со инвестициски фондови, и сопствениците на удели во фондовите, претставуваат правна целина која ги содржи потребните информации врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат информирана и разумна одлука за вложување.

Пред донесување одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор треба внимателно да ги прочита Проспектот и Статутот на соодветниот фонд, со цел да се запознае со природата на вложувањето, инвестициската политика, правата и обврските на сопствениците на удели, трошоците, како и со ризиците поврзани со вложувањето во фондот.

Приносот остварен во минатото има исклучиво информативен карактер и не претставува гаранција или показател за можен принос во иднина. Вредноста на уделите во фондовите може да се зголемува или намалува во зависност од движењата на пазарите на капитал, структурата на вложувањата и пазарните услови. Со тоа, идните приноси може да бидат повисоки или пониски од претходно остварените приноси. Вложувањето во инвестициски фондови носи ризик, вклучително и можност за намалување на вложените средства.

Работењето на Друштвото е под надзор на Комисијата за надзор на пазарот на капитал. Поплака можеш да поднесеш според постапката на страницата Поплаки.

* Податоците се однесуваат на минатото и не се сигурен показател за идните резултати. Логоата и имињата на наведените компании се прикажани единствено за информативни и референтни цели и не претставуваат препорака за инвестирање.