Како се заштитенивашите средства?
Брифинг за 90 секунди
Клучни информации за безбедноста и пристапот до вашите средства.
Вашите средства се чуваат кај независна депозитарна банка и се одвоени од средствата на Прајм Капитал АД Скопје.
Исплатите се вршат само на лицето кое уплаќало.
Можете да ги повлечете средствата во секое време, а тие се префрлаат на вашата трансакциска сметка во просек за 1-3 дена, а најдоцна за 7.
Во случај на затворање и ликвидација на фондот, средствата што одговараат на вредноста на вашите удели се исплаќаат на вашата трансакциска сметка.
Каде се чуваат твоите средства?
Две институции.
Две различни улоги.
Депозитарната банка е независна институција чија задача е да ги чува средствата на инвеститорите на посебни сметки, одвоено од средствата на друштвото за управување. Тоа значи дека чувањето на средствата и управувањето со нив се доверени на две различни институции, при што секоја има јасно дефинирана улога.
Кога Прајм Капитал АД Скопје носи одлука каде да се инвестираат средствата, ние испраќаме инструкции до депозитарната банка, а таа ги извршува трансакциите и се грижи за чувањето на средствата. На тој начин, ниту една институција нема целосна контрола врз целиот процес.
Токму оваа поделба на улоги претставува еден од клучните механизми за заштита на интересите на инвеститорите и е една од причините зошто индустријата на инвестициски фондови функционира на сигурен и транспарентен начин.
Сметка на
твое име
Сопственост
100% твоја
Пристап
само ти
Надзор
Комисија за надзор на пазарот на капитал
Управувач
Прајм Капитал АД Скопје
Прашања и одговори
Одговори на вашите
најчесто поставувани прашања.
Свесни сме дека одлуката да се започне со инвестирање со себе носи многу прашања, ризици и одговорност. Во продолжение ќе најдете одговори на прашањата што најчесто ни ги поставуваат оние кои размислуваат за инвестирање преку Прајм Капитал АД Скопје, со цел да ви помогнеме полесно и со поголема сигурност да одлучите дали ова е вистинскиот избор за вас.
Сè уште се двоумиш?
Разговарај
со нашиот тим.
Закажи разговор без обврска. Тука сме да одговориме на твоите прашања, да ти ги дадеме сите потребни информации и да ти помогнеме да донесеш информирана одлука. Без притисок, без брзање и без скриени услови.