За друштвото

Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје

Основање

На ден 08.08.2007 година со Решение бр.07-1562/6, Друштвото за управување со инвестициски фондови Иново Статус АД Скопје, доби одобрение за основање донесено од Комисијата за хартии од вредност.

На ден 05.06.2026 година со Решение УП бр. 08-94 од Комисија за хартии од вредност направена е измена на Статутот на Друштвото за управување во делот на измена на назив и седиште.

Новиот назив е: Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје.

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје е со организациски облик — правен облик-05.5 — акционерско друштво.

Друштвото за управување со инвестициски фондови ИНОВО СТАТУС АД Скопје е регистрирано во Трговскиот Регистар на ден 22.06.2007 година.

Организациска структура

Организациски облик

Акционерско друштво

Регистрација

22.06.2007 година (Трговски Регистар)

Седиште

ул. Даме Груев Бр.18 згр2-001/кат М3/1 СКОПЈЕ

Основна главнина

297.654 евра по среден курс на НБРМ

Сопственик (квалификувано учество)

Иван Ивановски

Основни активности

Друштвото за управување врши работи на управување со инвестициски фондови и тоа:

Управување со имотот на инвестициските фондови
Рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови
Административни работи кои се однесуваат на:
  • Водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи
  • Воспоставување и одржување на односи со вложувачите
  • Утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот
  • Усогласување на работењето на Друштвото за управување со законите и други прописи
  • Објавување и известување на сопствениците на удели
  • Распределба на добивката на инвестицискиот фонд
  • Издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови
  • Водење регистар на сопствениците на удели
Инвестициско советување при вложување во хартии од вредност — со дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност
Управување со индивидуално портфолио при вложување во хартии од вредност — со дозвола за работење од Комисијата за хартии од вредност

Одбор на директори

Иван Ивановски

Претседател на Одборот на директори

Миа Стефановска Зографска

Извршен член

Ненад Јовиќ

Неизвршен член

Томислав Димитријев

Надворешен неизвршен член

Депозитарна банка

НЛБ Банка АД Скопје

Адреса: бул. Мајка Тереза бр 1, 1000 Скопје

Одобрена од Комисија за хартии од вредност со Решение бр. 07-2483/10 од 31.10.2007 година.

Даночен број 4030993191133, ЕМБС 4664531. Почетниот капитал на Банката изнесува 854.061.000,00 денари.

Субдепозитарна банка

Нова Љубљанска банка дд Љубљана

Трг Републике 2, SI – 1520 Љубљана, Р. Словенија

Договор: Custody Agreement for UCITS Clients — 10.10.2024

Одговорно лице: Barbara Dolenc, Head of Custody — barbara.dolenc@nlb.si / +386 1 476 52 78

Фондови со кои управува

Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Прајм Капитал АД Скопје управува со:

  • Отворен инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС БАЛАНСИРАН — новиот Статут е донесен со Одлука бр. 02-197/2 од 15.12.2022, одобрен со Решение УП 1 број 08-341 од 23.01.2023. Новиот Проспект е донесен со Одлука бр. 02-44/2 од 11.05.2026.
  • Отворен инвестициски фонд ИНОВО СТАТУС СОЛАР — Статутот е донесен со Одлука бр. 02-189/2 од 07.12.2022, одобрен со Решение УП 1 број 08-7/8 од 23.12.2022. Проспектот е донесен со Одлука бр. 02-46/2 од 11.05.2026.

Овластено сметководствено друштво

Инвестко ДООЕЛ Скопје — Друштво за сметководствени услуги и финансиски консалтинг

ЕМБС: 6118011 | Датум на основање: 05.06.2006

Седиште: ул. Јуриј Гагарин бр. 16/1-3, 1000 Скопје

Управител: Сузана Кузманоска

Овластено за вршење административни работи (водење деловни книги, сметки и финансиски извештаи) врз основа на согласност од Комисија за хартии од вредност, Решение УП 1 број 07-2 од 07.12.2009.

Преглед на ризици поврзани со работењето

Вид на ризикСтепен на влијание
Пазарен ризикВисок
Каматен ризикНизок
Кредитен ризикСреден
Ликвиден ризикСреден
Валутен ризикСреден
Ризик од промена на даночните прописиНизок
Политички ризикНизок

Ревизор

Овластен ревизор

ПЕРК ДОО Прилеп — ул. "Прилепски Бранители" 16-4, 2 кат

Внатрешен ревизор

Мико Кацарски — дипломиран економист, лиценциран овластен внатрешен ревизор

Одговорни лица

Офицер за заштита на лични податоци

Миа Стефановска Зографска — info@primecapital.mk

Овластено лице за известување на Управата за спречување перење пари и финансирање тероризам

Биљана Стаменкова Калејска — info@primecapital.mk

Одговорно лице за жалби и поплаки

Миа Стефановска Зографска — info@primecapital.mk

Контакт

Телефон: +389 (0)2 3298 674

Телефон 2: +389 (0)2 3298 675

Е-пошта: info@primecapital.mk

Истражете ги нашите фондови

Фондови