ПРАЈМ КАПИТАЛ АД Скопје, Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, управува со отворените инвестициски фондови Иново Статус Балансиран и Иново Статус Солар.
Статутот, Проспектот, годишните и полугодишните извештаи, како и сите релевантни информации поврзани со фондовите, се достапни на оваа интернет-страница и во седиштето на Друштвото.
Податоците содржани во Проспектот, заедно со одредбите од Статутот на секој фонд, со кои се уредуваат правните односи помеѓу ПРАЈМ КАПИТАЛ АД Скопје, како Друштво за управување со инвестициски фондови, и сопствениците на удели во фондовите, претставуваат правна целина која ги содржи потребните информации врз основа на кои потенцијалните вложувачи можат да донесат информирана и разумна одлука за вложување.
Пред донесување одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор треба внимателно да ги прочита Проспектот и Статутот на соодветниот фонд, со цел да се запознае со природата на вложувањето, инвестициската политика, правата и обврските на сопствениците на удели, како и со ризиците поврзани со вложувањето во фондот.
Приносот остварен во минатото има исклучиво информативен карактер и не претставува гаранција или показател за можен принос во иднина. Вредноста на уделите во фондовите може да се зголемува или намалува во зависност од движењата на пазарите на капитал, структурата на вложувањата и пазарните услови. Идните приноси може да бидат повисоки или пониски од претходно остварените приноси. Вложувањето во инвестициски фондови носи ризик, вклучително и можност за намалување на вложените средства.
© 2026 Prime Capital АД Скопје. Сите права се задржани.