Иново Статус Солар
ИНОВО СТАТУС СОЛАР е отворен инвестициски фонд насочен кон секторот на чиста енергија и обновливи извори. Фондот овозможува изложеност кон компании поврзани со соларна енергија, производство и развој на соларна опрема, како и други инвестиции поврзани со енергетската транзиција. Преку диверзифицирано портфолио, фондот им нуди на инвеститорите можност да учествуваат во еден од најбрзо растечките глобални сектори.
Инвестициски фокус
Чиста енергија и обновливи извори, примарно соларен сектор
Глобален пристап
Инвестирање во компании од целиот свет со фокус на чиста енергија
Растечки сектор
Партиципирај во еден од најбрзо растечките глобални сектори
Ризична класа
7 од 7Показател на ризик на скала од 1 (најнизок ризик) до 7 (највисок ризик).
Вредност на удделот (МКД)
Земји на инвестирање
Европски пазари
- ✓ Република Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија
- ✓ Земји членки на Европската Унија, CEFTA и OECD
Светски пазари
- ✓ САД — Соединети Американски Држави
- ✓ Бразил, Русија, Индија и Кина
Политика на вложување
| Вид на инструмент | Минимум | Максимум |
|---|---|---|
| Акции на компании кои произведуваат соларна енергија или опрема | 80% | 100% |
| Акции на Македонска берза | 5% | 20% |
| Инвестициски фондови — кои инвестираат во сончева енергија | 0% | 10% |
| Пари на сметка | 0% | 15% |
Хартии од вредност во портфолиото
Надоместоци и трошоци
Надоместоци и трошоци на товар на имотот на Фондот
На товар на имотот на Фондот се наплатуваат следните надоместоци и трошоци:
- Надоместок за управување – 2,5% годишно од нето-вредноста на имотот на Фондот (вкупната вредност на имотот намалена за обврските на Фондот врз основа на вложувањата во финансиски инструменти). Надоместокот се пресметува и наплатува согласно Законот, Статутот и Проспектот на Фондот.
- Надоместок на депозитарната банка.
- Трошоци за субдепозитарна банка (во висина на реално остварените трошоци).
- Трошоци поврзани со купопродажба на имотот на Фондот, како што се:
- брокерски провизии;
- берзански такси;
- надоместоци кон Централниот депозитар за хартии од вредност;
- даноци;
- други трошоци поврзани со порамнување на трансакциите.
- Други трошоци на товар на Фондот, и тоа:
- трошоци за годишна ревизија;
- трошоци за данок на имот и добивка;
- месечен надоместок кон Комисијата;
- други реално настанати трошоци согласно договорите и тарифниците на надлежните институции.
Надоместок на депозитарната банка
Годишниот надоместок се пресметува според нето-вредноста на имотот на Фондот:
| Нето-вредност на имотот | Надоместок |
|---|---|
| До 300.000.000 денари | 0,30% |
| Од 300.000.001 до 600.000.000 денари | 0,27% |
| Од 600.000.001 до 1.800.000.000 денари | 0,23% |
| Над 1.800.000.000 денари | 0,19% |
Дополнително, на товар на имотот на Фондот се плаќаат и реално настанатите трошоци за субдепозитарна банка.
Надоместоци и трошоци на товар на инвеститорите
Инвеститорите во Фондот можат да ги сносат следните надоместоци:
- влезен надоместок;
- излезен надоместок;
- надоместок за премин од еден во друг фонд.
Трошоците за маркетинг, издавање извод од индивидуална сметка на барање на сопственикот на удели и доделување лозинка за пристап до индивидуалната сметка преку веб-страницата не се наплатуваат од инвеститорите, туку се на товар на Друштвото за управување.
Влијанието на годишниот надоместок за управување и останатите трошоци поврзани со работењето на Фондот ги намалува идните приноси на инвеститорите.
Влезен надоместок
Влезниот надоместок се пресметува врз основа на вкупниот износ на уплатата и се одбива при купување на уделите.
| Износ на еднократна уплата | Влезен надоместок |
|---|---|
| До 100.000 денари | 3,5% |
| Од 100.001 до 500.000 денари | 3,0% |
| Од 500.001 до 1.000.000 денари | 2,5% |
| Од 1.000.001 до 3.000.000 денари | 2,0% |
| Од 3.000.001 до 5.000.000 денари | 1,5% |
| Над 5.000.000 денари | 1,0% |
Излезен надоместок
- 1% од исплатениот износ само доколку вкупниот принос на нето-инвестираните средства е поголем од 15%, независно од времетраењето на инвестицијата.
- Не се наплатува доколку приносот е 15% или помал.
- Не се наплатува во случај на ликвидација на Фондот.
Премин во друг фонд
При пренос на средства во друг фонд управуван од Друштвото се наплатува 1% од износот што се пренесува, доколку фондот предвидува влезен надоместок.
Документи
Проспект на фонд Иново Статус Солар
Ревидирано: 22.05.2025
Клучни информации
Ревидирано: 22.05.2025
Статут на фонд
Ревидирано: 22.05.2024
Статут на ДУИФ Иново Статус АД Скопје
Ревидирано: 01.03.2024
Барање за купување удели
Барање за откуп на удели
Барање за замена на удели